Пазарот надвор од контрола: Во Челси за 27 милиони евра, Бане стопер, се чека уште


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Нема да бидер ни Гарај ни Де Фрај.

Само еден дефанзивец во Серија А од август минатата година не создаде повеќе шанси од Маркос Алонсо, само еден постигна повеќе голови. А сепак на Стенфорд не се сите задоволни од ангажирањето на 25-годишниот Шпанец од Фиорентина која од продажбата на талентираниот лев бек на Челси ќе направи приход од 23 милиони фунти, односно 27 милиони евра.

Дејли Меј, имено, пренесе изјава на неименувано официјално лице од Челси, кој рече дека оштетата за Алонсо е „лудачка“ и дека пазарот избега од контрола. Што и да значи тоа. Бидејќи сепак видовме и полуди трансфери.

Неретко баш на примерот на Челси.

Овде барем една работа е сигурна: на доведувањето на Алонсо инсистираше токму Антонио Конте, кој според наводите на островските медиуми сега Цезар Аспиликуета повремено ќе го користи на природната позиција десен бек со што ќе се добие можност за Бранислав Ивановиќ понекогаш да се помести на стопер, бидејќи таму го има само веќе остарениот Џон Тери и Гери Кејхил, додека Курт Зума моментално е повреден и се враќа дури во следниот месец.

Претходно Конте дозволи за Баба Рахман да оди на позајмица во Шалке, а Кенеди, крилото кое присилно играше лев бек, во Вотфорд.

Конте цело лето пробуваше да пронајде уште еден централен бек, се споменуваа Стефан де Фрај и Езекијел Гарај, но изгледа ништо од тоа. Сините се свртија на некој од играчите кои може да дојдат на позајмица. За секој случај.