Пцовки, навреди и турканици: Швајцарија ја елиминира Србија од СП (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србија вечерва загуби со 2-3 од Швајцарија, иако се обиде да стигне до победа која ќе им обезбедеше место во осминафинале на Светското првенство (СП), а мечот го одбелажаа и пцовки и турканици поради Гранит Џака.

Џердан Шаќири им даде гол на Србите во 20. минута од натпреварот, по што Србија направи пресврт преку Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ. Сепак, радоста на нашиот северен сосед траеше до 44. минута кога Емболо погоди за 1-1.

Швајцарија направи целосен пресврт на почетокот на вториот дел кога Фројлер ја затресе мрежата на Вања Милинковиќ-Савиќ за 3-2.

Од групата Г во осминафинале се пласираа Бразил и Швајцарија, додека Камерун и Србија си заминуваат дома.