Педри ќе ја предаде Барселона за да потпише со друг гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ наскоро би можел да го украде Педри од Барселона, затоа што наскоро ќе остане без услугите на Марко Верати.

Медиумите пишуваат дека ПСЖ сака да ангажира помлад фудбалер и изборот паднал врз Педри, кој нема ништо против да потпише за гигантот од Париз.

Барселона не сака да преговара за трансфер на Педри, но фудбалерот има откупна клаузула која изнесува 110 милиони евра.

ПСЖ планира да ја активира откупната клаузула на Педри, а потоа и на Осман Дембеле, која изнесува само 50 милиони евра до 31 јули.