Пеколна измама на Интер – клаузула 60 милиони, Спортинг ќе добие 40 милиони, а трет клуб го купува Жоао Марио па го враќа во Милано


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанците смислија како да ја имамат УЕФА и финансискиот ферплеј.

Португалската десетка, Жоао Марио е едно од најголемите открија на ЕП во Франција. Фудбалерот на Спортинг е незаменлив работник во тимот на Фернандо Сантос.

Според Италијанците, Интер најмногу загриза и преговара со раководството на Спортинг. Наводно, првата понуда на нероазурите била одбиена, а изнесувача 25 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси. Медиумите на Апенините соопштија дека во договорот на Марио клаузулата е 60 милиони евра, а се верува дека Спортинг ќе сака да го пушти и ако стигне понуда од 40 милиони евра.

Сепак, таа цифра е преголема за Интер кој има големи проблеми со финансискиот ферплеј, па така раководството на нероазурите спреми измама. Тие планираат преку компанијата Сунинг да го купат Марио, тој официјално да биде нов фудбалер на кинескиот клуб Џиангсу, а потоа кинезите да му го пратат Португалецот на позајмица.

Во секој случај одговор нема да добиеме пред завршувањето на ЕП каде Марио со Португалија игра во финале.