Пелистер доведе засилување од Металург


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левото крило, Бојан Маџовски кој ова лето беше слободен играч потпиша 2-годишен договор со битолски Пелистер.

Маџовски минатата сезона играше во Металург. Пелистер следната сезона ќе ги има на располагање браќата Маџовски, Бојан и Борјан.

Ова е првиот ракометар кој направи трансфер од Металург во Пелистер. Во спротивен правец најверојатно ќе замине Стефан Дрогришки, но тој трансфер е стопиран поради актуелниот договор на Дрогришки со Пелистер.