Пелистер се засили со екс-вардарецот Гедбан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот ракометен шампион Пелистер продолжи со засилувањата за следната сезона, па така денеска го ангажира голманот Калифа Гедбан.

Гедбан е освојувач на Лигата на шампиони (ЛШ) со Вардар за кој играше две сезони, а во Битола доаѓа како слободен играч.

Алжирскиот репрезентативец потпиша договор на една сезона, со опција да го продолжи на уште една година.