Пенал ја спаси Чешка од пораз


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентациите на Чешка и Хрватска одиграа 2:2.

Хрватска почна напаѓачки, а Бадељ со шут од далечина за малку не го совлада Чех. Хрватските фудбалери продолжија со нападите, а конечно во 37-ма минута го видовме првиот погодок на натпреварот кој беше дело на Иван Перишиќ. После еден час игра Иван Ракитиќ по втор пат ја затресе мрежата на Чех. Манџукиќ имаше голема шанса да зголеми на 3:0, но шутираше високо над голот. Во 76-та минута стигна и казна за промашувањето на Манџукиќ, Шкода постигна погодок за намалување на 1:2. Во 89-та минута беше досуден пенал за Чешка, а Нечид погоди за конечни 2:2.