Пензионирањето ќе почека: Туре отиде да потпише нов договор… (ФОТО)


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Во медиумите неодамна се појавија информации дека Јаја Туре одлучил да се пензионира.

Сепак, некогашниот играч за врска на Манчестер Сити набрзо ги демантираше сите наводи, кои во етерот како што е наведено ги пуштил неговиот менаџер.

Дека нема да замине во пензија потврдено е денес, со оглед на тоа дека искусниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска тргнал да потпише договор со новиот клуб.

Тој е фатен на аеродромот во Кина, па познато е дека ќе потпише договор со кинескиот второлигаш.

Во прашање е Чингдао Хуангај, клубот кој е во процес на преземање од страна на Чиндгао Лук и спортските власти во овој град речиси наредиле да се избори за пласман во повисокиот ранг.

Јаја Туре очигледно е првиот потег на управата на клубот, па останува да се види колку 36-годишниот играч за врска ќе може да им помогне.

Англиските медиуми се занимаваат со неговата претходна изјава, откако своевремено одби голема сума на пари да се пресели во Кина, истакна дека не ги разбира играчите кои донесуваат одлука да го напуштат европскиот фудбал и да се преселат во најмногубројната земја на светот поради пари.

Изгледа дека во меѓувреме неговото мислење се промени…