Пеп го „пецна“ Арсенал: Ја сакате титулата? Таа е во наши раце!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити вечерва гостува на „Емирати“ кај Арсенал во меч кој е важен за двете екипи кои се борат за титулата во Премиерлигата.

Арсенал го чека Сити со три бодови предност и еден меч помалку, а пред натпреварот Пеп Гвардиола реши да ги „пецне“ ривалите.

„Ако победат, тогаш се подобри од нас. Ќе бидам првиот кој ќе им честита. Ја сакате титулата? Во ред, треба да се борите за тоа. Сè е во наши раце“, кажа Гвардиола.