Пеп Гвардиола добива статуа и трибина на Етихад!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пеп Гвардиола ќе добие статуа пред стадионот Етихад, а северната трибина на Манчестер Сити ќе биде преименувана во негова чест, објави англискиот клуб.

Клубот изјави дека статуата на легендарниот тренер ќе биде поставена на пристапот на новоименуваната трибина „Пеп Гвардиола трибина“.

Северната трибина на стадионот Етихад, која неодамна беше проширена, ќе го носи името на трофејниот шпански стратег.

“Одамна реков дека Манчестер Сити мора да има најдобрите луѓе на располагање, како на теренот, така и надвор од него. Во текот на десет години, Пеп беше олицетворение на таа амбиција”, изјави сопственикот на клубот Шеик Мансур.