Пеп Гвардиола пред e одличен џентлмен, како што покажува и изјавата по титулата Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се однесуваше спортски, откако неговиот клуб синоќа ги загуби и математички шансите да ја освои англиската титула.

Граѓаните загубија од Челси со 2:1, а со тој пораз му овозможија на Ливерпул да ја прослави својата прва титула по 30 години.

По натпреварите, зборувајќи за ББС, Шпанецот на клупата на Сити им честиташе на „црвените“ на трофејот велејќи дека имаат фантастична сезона.

“Тие заслужено се шампиони. Тие одиграа неверојатна сезона. Пред две сезони постигнавме 100 поени и имавме 25 поени повеќе од нив. Минатата година не издржаа, но оваа сезона успеаја. Честитки за нив, и зависи од нас да излеземе од оваа сезона со некои поуки и ние ќе се подобруваме за следната“, рече тој.

Манчестер Сити изминативе две години беа шампиони на Англија, и ќе треба да почекаат за нова можност следната сезона.

Клубот од Етихад сега ќе се сврти кон Лигата на шампиони, каде во август ќе одигра реванш натпреварот против Реал Мадрид.