Пеп Гвардиола со нови услови за челниците на Сити: Сакате да останам? Може, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на Манчестер Сити посакува да потпише нов договор со Пеп Гвардиола, а ни самиот тренер нема ништо против тоа.

Сепак, тој поставил одредени услови околу потписот на новиот договор, а претежно тие се поврзани со засилувања во играчкиот и стручниот кадар.

Англиските медиуми ја пренесоа информацијата дека Пеп ја условил управата со три нови засилувања, па потоа дека ќе потпише договор.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Гвардиола посакува нов стопер, нов лев бек, но и нов напаѓач.

Покрај тоа, голема желба му е да го засили тренерскиот кадар, бидејќи е убеден дека Артета ќе го превземе Арсенал.

Иако во минатиот трансфер период донесе некои засилувања, се чини дека не е задоволен, односно дека веќе во јануари посакува нови три играчи.