Пеп најави добри вести - ќе добие „засилување“ во борба за титулата!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кажа дека рехабилитацијата на Кевин де Брајне тече по планот.

Де Брајне се повреди на 20 јануари на натпреварот против Астон вила во Премиерлигата, а првите прогнози беа дека ќе паузира од четири до шест недели.

„Де Брајне уште не почна со целосни тренинзи. И понатаму работи индивидуално, но се чувствува добро, и тоа многу добро“, кажа Гвардиола.

На „граѓаните“ им оди добро и без Де Брајне, а во Премиерлигата се наоѓаат на првата позиција со пет бодови повеќе и еден меч помалку од Манчестер јунајтед.