Пепе комично го испрати глумењето на Мората 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот дефанзивец на Порто, 38-годишниот Пепе одигра фантастичен меч против Јувентус.

Иако веќе е длабоко во четвртата деценија од животот, сепак мечот го одигра без грешка, а како и секогаш, имаше забавни моменти на теренот.

По само еден дуел со Алваро Мората во кој беше досуден прекршок, Пепе сметаше дека напаѓачот на Јувентус премногу глуми и почна да ги имитира неговите гримаси.

Очигледно Пепе беше убеден дека Мората претерува во вакви ситуации и тоа му го кажа в лице на судијата.