Пепе Реина пристигна во Рим на медицински прегледи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пепе Реина, кој сè уште е официјално играч на Милан, наскоро ќе потпише за новиот клуб.

Имено, договорен е трансферот на искусниот Шпанец во Лацио, а тој пристигна во Рим утрово на лекарски прегледи.

По прегледите Реина ќе потпише двегодишен договор со Лацио.

Бидејќи екипата на Лацио веќе ги започна претсезонските подготовки, Реина ќе им се придружи на своите нови соиграчи веднаш по потпишувањето на договорот.

Реина не е дел од плановите на Милан и неговиот договор ќе биде раскинат многу наскоро или веќе е раскинат со меѓусебна согласност. Искусниот чувар на мрежата, кој наскоро ќе наполни 38 години, изминатата полусезона ја помина на позајмица во Астон Вила.

Лацио ќе биде третиот клуб во Серија А за Реина, по Наполи и Милан.