Пепе во португалското дерби направи потег кој ќе го натера да се пензионира!? 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дербито во португалскиот шампионат меѓу Порто и Спортинг го одбележа голем хаос на теренот во деветтата минута од судиското надополнување.

Во инцидентот учествуваа речиси сите фудбалери на теренот, а како и секогаш, најмногу проблеми правеше дефанзивецот Пепе, кој доби црвен картон.

Пепе би требало да паузира најмалку два натпревари, но во текот на мечот направи уште еден потег кој може да му донесе суспензија до две години, што всушност би значеле и крај на неговата кариера.

Португалските медиуми пишуваат дека Пепе се обидел од судијата да сокрие куршум, кој бил фрлен од навивачите на Порто, па сега се очекува разгледување на ситуацијата по што ќе биде позната казната за искусниот дефанзивец.