Перез е генијалец – договори големо засилување за „џабе“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез ова лето ќе доминира на трансфер-маркетот затоа што сака да обезбеди потписи на неколку засилувања за Реал Мадрид.

Главна ѕвезда во преодниот рок ќе биде Килијан Мбапе кој наскоро ќе биде промовиран како засилување на Реал Мадрид.

„Кралевите“, меѓутоа, планираат да купат уште неколку играчи ова лето, а еден од нив е Алфонсо Дејвис кој не сака да прифати нов договор со Баерн Минхен.

Се шпекулираше дека Баерн ќе бара над 50 милиони евра, но проблем за бундеслигашот е тоа што само Реал бил конкретен во преговорите, па Перез наводно го договорил за „само“ 30-35 милиони евра.