Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кристијано Роналдо се врати на тренинзи во саудискиот клуб Ал-Наср само неколку дена откако го потврди венчањето со долгогодишната партнерка Георгина Родригез. Иако веста за бракот ја објави пред три дена, веќе вчера му се приклучи на соиграчите на подготовките за новата сезона. Роналдо на тренинг покажа и нов имиџ, а навивачите ги изненади со значително пократка коса и нова фризура.
Новата сезона на саудиската Премиер лига почнува веќе утре. Ал-Наср на отварањето го пречекува Ал-Фатех на домашен терен, со што започнува одбраната на титулата шампион. За венчањето на Роналдо и Георгина се шпекулираше со недели пред официјалната потврда. Парот сега потврди дека се во брак, но уште не открија дали настанот го прославиле со свадбена прослава.
.
















