Перез ги нападна легендите: Раул и Касиљас се најголемите измамници!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се најде во центар на скандал зашто шпанскиот медиум „Ел Конфиденсијал“ објави снимка од 2006 година кога првиот човек ги нападнал двете легенди на клубот, Раул и Икер Касиљас.

Перез не штедеше навреди и ги нарекол Раул и Касиљас измамници.

„За разлика од Бекам, Роналдо и Зидан кои носат заработка на тимот, Раул не продава ништо, дури ниту дрес. Верува дека Реал е негов и затоа заминав. Го уништува клубот и моралот. Тој е многу лош човек“, кажа Перез.

Тука не се запрел претседателот на „кралевите“, па имал што да каже и за Касиљас.

„Не разбирам зошто Касиљас го сакаат навивачите. Тој е измамник исто како Раул. Тие се двајцата најголеми измамници во историјата на Реал Мадрид“, вели Перез.