Перез го отпиша: Асенсио за 30 милиони евра се сели во еден од најголемите англиски тимови!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио ќе биде еден од играчите кои летово ќе го напуштат Реал Мадрид, а веќе се работи на негов трансфер во Манчестер јунајтед.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез не е среќен со Асенсио и неговата плата, па затоа реши да се ослободи од неговите услуги, а „Релево“ објави дека најсериозен кандидат за неговиот потпис е Манчестер јунајтед, кој нуди 30 милиони евра.

На Реал ова ќе му биде последна шанса да заработи пари од трансферот на Асенсио, кој има договор до следното лето и потоа може да замине бесплатно.

За Асенсио се заинтересирани и неколку други тимови од Англија и Италија, но сепак „црвените ѓаволи“ се најсериозен кандидат за неговиот потпис.