Перез има брутален одговор за Европа – ќе паднат два потписи!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е разочаран поради доделувањето на „Златната топка“ на Родри, наместо на Винисиус Жуниор.

Флорентино Перез ѝ подготвува брутален одговор на Европа, односно наскоро се очекува да паднат два потписи.

Перез е уверен дека неговиот тим е „жртва на завера“, па реши во следната сезона да влезе уште посилен за да ја здроби конкуренцијата.

Шпанските медиуми пишуваат дека наскоро ќе биде постигнат договор со Трент-Александер-Арнолд, но се очекува договор и со Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Член на „кралевите“ треба да стане и 16-годишниот Ленарт Карл, иако засега не се откриваат повеќе детали.