Перез има нова желба, сака фудбалер на Манчестер сити


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид веќе почнал да прави планови за следното лето, иако преодниот рок заврши неодамна.

Шпански „АС“ објави дека „кралскиот клуб“ сака да го купи неверојатниот Родри од Манчестер сити, чија вредност изнесува 130 милиони евра.

Родри има договор до 2027 година, а притоа освои голем број пехари со премиерлигашот и наводно е подготвен за преселба во Мадрид.