Перез има план: Реал Мадрид подготвува мега-размена со Интер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми утрово објавија дека постои можност за размена на фудбалери меѓу Интер и Реал Мадрид.

Двата клубови, наводно, планираат да ги разменат своите фудбалери кои не ги користат често. Реал Мадрид сака да се ослободи од Иско, кој ќе го испрати во Милано, а од Интер кон Шпанија ќе замине Кристијан Ериксен.

Иско е вишок кај тренерот Зинедин Зидан и Французинот шанса му дава само кога нема подобар избор во моментот.

На спротивната страна, Ериксен пристигна во Интер минатата зима, но не се прилагоди на екипата, иако беше најавуван како големо засилување.