Перез ќе донесе чудна одлука: Сака да го отпушти Анчелоти поради Мбапе?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид беа критикувани од навивачите во победата против Алавес, но и покрај тоа блиску се до титулата, меѓутоа тренерското столче на Карло Анчелоти не е безбедно.

Нема да им биде првпат да го отпуштат тренерот, кој им ја донел титулата, а тоа двапати му се случи на Фабио Капело, иако тогаш претседател не беше Флорентино Перез.

Шпанските и француските медиуми пишуваат дека опседнатоста на Перез со Килија Мбапе би можела да го натера да го замени Анчелоти со Маурицио Покетино од ПСЖ.

Мбапе имал добар однос со Аргентинецот, па поради тоа Реал сака да му овозможи соработка со истиот тренер и во Мадрид.

Во секој случај нè очекува возбудливо лето, иако Анчелоти има уште година ипол од неговиот договор со „кралевите“.

Реал Мадрид во моментов има шест бодови предност пред Севиља, која изгледа како единствен ривал во трка за титулата сезонава.