Перез мора да ја поправи формата ако сака да остане во Ред Бул


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер се пожали на лошата форма на Серхио Перез бидејќи Ферари и Мекларен му се закануваат на шампионот во конструктори.

Перез го уништи својот болид во првиот круг на трката во Монако, а искусниот возач не се прослави ниту во Имола.

„Овој викенд беше катастрофален за него. Мора да се погрижиме и двата болиди да освојат поени, затоа што ни се закануваат Ферари и Мекларен во двете конкуренции“, кажа Хорнер.

Перез има договор до крајот на сезоната, но мора да биде подобар ако сака да остане барем уште една година.