Перез: Наскоро ќе знам за кого ќе возам идната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез сè уште не знае каде ќе вози следната сезона затоа што му завршува договорот со австрискиот тим на крајот на годината.

Управата на Ред Бул соопшти дека е подготвена да му го продолжи договорот на Перез, но само доколку почне да вози поквалитетно.

„Не чувствувам притисок. Ова ми е 14. сезона во Формула 1, целосно сум смирен. Сè уште не знам каде ќе возам следната сезона. Верувам дека наскоро ќе биде решено тоа прашање. За еден месец ќе знам во чиј болид ќе бидам следната година“, кажа Перез.