Перез не сака да губи време: Реал Мадрид постави рок за Белингам!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид го постави Џуд Белингам како приоритет за следното лето, но на неговиот трансфер почна да работи уште сега за да има доволно време.

Конкуренција за Белингам на Реал ќе му прават Манчестер сити и Ливерпул, кои се заинтересирани за неговите услуги.

„Дефенса Централ“ објави дека „кралевите“ сакаат да го обезбедат потписот на Белингам што е можно побрзо, односно во првите три месеци од 2023 година.

„Кралевите“ не сакаат долго да бидат вклучени во драма, како што се случуваше со Килијан Мбапе минатата сезона и на крајот останаа без неговите услуги.