Перез се налути: Челси објави колку пари бара за Азар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за заминување на Еден Азар од Челси во Реал Мадрид и сите очекуваат дека еден ден ќе се потпише договорот.

Англиските медиуми пишуваат дека „кралевите“ го контактирале Белгиецот уште во март, а разговорите биле ставени во мирување.

Азар со Челси игра во финалето на Лига Европа против Арсенал во среда во Баку, а Реал потоа планира да ги почне повторно преговорите за трансферот на Белгиецот.

Но, очигледно преговорите нема да бидат толку едноставни, зашто Челси бара 130 милиони фунти плус бонуси за својата најголема ѕвезда.

„Кралевите“ не се подготвени да платат повеќе од 88 милиони фунти, а Азар сам кажал на управата дека сака да замине во Мадрид, односно дека нема намера да потпише нов договор.