Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелната сезона во Формула 1 има рекордни 23 трки во најмалку 20 држави и постои план да се зголеми бројката во иднина.
Трката за Големата награда на Јужна Африка е меѓу тие кои би можеле да се вратат на програмата, а генералниот директор на Ф1, Стефано Доменикали кажа дека натпреварување поради популарноста би можело да има и 30 трки во сезона.
Повеќе трки ќе значи и исполнет календар за возачите, односно помалку слободно време, па тоа не му се допаѓа на возачот на Ред Бул, Серхио Перез.
„Голема е побарувачката. Меѓутоа, премногу трки не доаѓаат во предвид, барем за мене“, кажа Перез за медиумите.