Перез со интересен предлог ќе го убедува Халанд да потпише за Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ги сака најталентираните фудбалери во светот, па затоа следното лето ќе се обиде да го купи и Ерлинг Халанд, откако договорот со Килијан Мбапе остана само формалност и наскоро ќе биде официјално потврден.

„Кралевите“ сакаат да изградат нов ѕвезден тим, а претседателот Флорентино Перез очигледно знае како да го направи тоа, па затоа испратил интересен предлог до Норвежанецот.

Перез му предложил на Халанд да остане уште една година во Борусија Дортмунд, по што во 2023 година ќе го облече дресот на „кралскиот клуб“ и ќе ги добие финаниските услови кои ги бараат неговите менаџери.

Реал, исто така, сака да го задржи Карим Бензема барем уште една година и ќе го предводи шпанскиот гигант, а потоа Халанд треба да го преземе неговото место.

Халанд е желба и на други европски гиганти, меѓу кои и ПСЖ, па останува да видиме дали идејата на Перез ќе се реализира или ќе остане без норвешкиот репрезентативец.