Перез веќе го избра наследникот на Зидан во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан реши да го напушти Реал Мадрид, а официјална потврда се очекува во следните неколку часови.

Долго време се шпекулира за тоа кој ќе го замени Зидан, а тоа најверојатно ќе биде Масимилијано Алегри.

„АС“ и „Скај Спорт Италија“ тврдат дека Алегри во следните денови ќе биде официјално промовиран како нов стратег на „кралевите“.

Алегри е прв избор на претседателот Флорентино Перез пред Антонио Конте и Раул Гонзалес и ќе се обиде да го врати тимот на врвот.

Италијанецот долго време се поврзуваше и со враќање во Јувентус, меѓутоа неговиот менаџер веќе престојуваше во Мадрид и наводно Реал е подготвен да му ја даде довербата.

Алегри и во минатото имаше понуди од „кралскиот клуб“, но остана во Јувентус, каде што на крајот на 2019 година доби отказ.