Перез за промените во Реал Мадрид: Модриќ потпиша, а кој сака може да си замине слободно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде изјава за шпанските медиуми за потенцијалните засилувања, но и заминувања од неговиот тим.

Перез потврди дека се договорил со Лука Модриќ да ја продолжат соработката со „кралевите“, но дека тоа не е случај и со капитенот Серхио Рамос.

„Со Модриќ се договоривме одамна, но не и со Рамос. Разговаравме неколку пати, но не успеавме да се договориме. Го сакам како син, но ситуацијата е таква“, вели Перез.

Перез кажа и дека сите што не сакаат да останат во клубот, можат слободно да си заминат, а очигледно мислеше на Рафаел Варан.

„Среќен сум со тимот кој го имаме, а тие што не сакаат да останат во клубот, можат да си заминат. Со нив нема договор“, вели првиот човек на „кралевите“.

Перез зборуваше и за Зинедин Зидан, кој ќе остане на тренерската клупа и следната сезона.

„Не можам да го замислам Реал Мадрид без Зинедин Зидан како тренер. И не, не е вистина дека сум сакал да го отпуштам по поразот од Шахтјор во Лигата на шампиони“, објасни тој.