Перфектен хет-трик за Роналдо со – двете нозе и глава! (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ал Наср славеше против Вехда со 6-0, а половина од головите беа дело на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.

Роналдо првиот гол го постигна во петтата минута по голема грешка на гостите, а седум минути подоцна со глава го матираше голманот на противникот.

Хет-трикот го комплетираше во 52. минута, кога по додавањето на Садио Мане со левата нога ја испрати топката во мрежата на гостите.