„Ние се бориме, трчаме и се трудиме, а тогаш навивачите да направат глупости“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Хрватска ремизираа со селекцијата на Чешка Република, а Иван Перишиќ беше многу разочаран после натпреварот.

„Мислам дека за ова со навивачите не вреди да се зборува. Не знам, ние толку се бориме, се трчаме и се трудиме, а тогаш група од мал број на луѓе да направат таква глупост. Не знам што да речам, ниту која реченица.  Секоја чест за вистинските навивачи кои беа од страна, кои нас цело време, од загревањето до 90 минута максимално не бодреа“, рече Иван Перишиќ .па додаде:

„Пробував да зборувам со полицајците, им реков да ја избркаат таа група од стадионот, а ми рекоа дека за такви работи немаат дозвола од УЕФА. За среќа, натпреварот продолжи, но сите знаевме дека ќе има последици. Како се чувстувам? Јадно . Подобро да не кажувам некои лоши работи. После прекинот како да не бевме на теренот, Чесите нас не казнија. Тоа е фудбалот, кога нешто такво ќе се случи казната мора да дојде“, заклучиу фудбалерот на Интер, Перишиќ.