Песната направи нов пресврт во животите на Пике и Шакира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продолжува сапуницата меѓу атрактивната пејачка Шакира и познатиот фудбалер Жерар Пике, а шпанските медиуми пишуваат дека ситуацијата се променила.

Колумбиската пејачка и познатиот фудбалер сите ги изненадија кога решија да се разделат на средината на годинава по 13 години кои ги поминаа заедно.

Во целата приказна се појави девојката на Пике, Клара која се гледа со фудбалерот неколку месеци и е помлада од Шакира, но сега доаѓаат нови информации од „Марка“.

Шпанските медиум пишува дека младата Клара се чувствува ужасно поради песната на Шакира и притисокот од јавноста, па поради тоа планира да го остави Пике, а со тоа се отвора можноста фудбалерот да се врати кај пејачката.