Пет милиони навивачи на Реал во анкета решјиа кои фудбалери сакаат да заминат од Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид сезонава целосно разочара, па ги налути своите навивачи. Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ не можеше да ја најде вистинската форма, па заврши без ниту еден освоен трофеј и 12 порази во шпанската Ла Лига.

Сега пет милиони навивачи на Реал решија во анкета кои фудбалери би требало да го напуштат „кралскиот клуб“.

Навивачите најмногу му веруваат на Дани Карвахал (92%), кој сакаат и идната сезона да го гледаат во Мадрид, а по него следуваат Винисиус Жуниор и Серхио Рамос.

Најмалку доверба кај фановите имаат Бејл (9%), кој најверојатно ќе замине од клубот, а по него следуваат Маријано Диаз, Лука Зидан и Дани Себалјос.