Петрушев заврши со НБА – се враќа во Европа?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Филип Петрушев заминува од Сакраменто кингс, објави новинарот Адријан Војнаровски.

Според негови зборови, Петрушев се враќа во Европа, односно во иднина ќе го носи дресот на Олимпијакос од Грција.

Петрушев одигра само два меча за Сакраменто и притоа постигна три поени за шест минути поминати на паркетот.

Србинот претходно играше за Филаделфија, од кој заедно со Џејмс Харден беше трејдуван во Лос Анџелес клиперс.