Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се раздели со атрактивната пејачка Шакира откако во јавност се појавија фотографии дека тој е во интимна врска со помлада дама.
Меѓутоа, во светските медиуми се појави уште една афера на Пике, кој ја изневерил Шакира и додека биле заедно, а тогаш наводно се гледал со манекенката од Израел, Бар Рафаели.
Рафаели и Пике имале афера во 2012 година, додека тој бил во врска со Шакира, а оваа информација ја објави новинарот Жорди Мартин.
„Разговарав со Рафаели, која ми потврди дека аферата била причина за нејзините посети на Барселона“, вели новинарот, а засега нема демант од страна на Пике.