Пике го посетил домот на Шакира за првпат по разделбата, а познато е и зошто!


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике и колумбиската пејачка Шакира се разделија во јуни по 12-годишна врска.

Многу бура се крена за еден од најпознатите љубовни парови, а сега Пике повторно бил забележан во куќата на Шакира.

Додека Пике и Шакира ја водат судската постапка за разводот и се борат за старателството над децата, стоперот на Барселона ја посетил пејачката.

При посетата на Пике, пејачката била со нејзините деца, а играчот стигнал со својот автомобил за да ги земе децата.

Пике успеал д аги избегне новинарите и влегол низ гаражата на своите родители покрај главната куќа и гостинската куќа во која живее семејството на Шакира.