Пике го провоцираше Реал Мадрид, па Анчелоти го „закопа“ (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа славеше со 3-0 против Брага во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а на прес-конференцијата по натпреварот новинарите ги интересираше што мисли тренерот Карло Анчелоти за изјавата на Жерар Пике.

Пике пред натпреварот на „кралевите“ кажа дека никој нема да ги памети нивните титули во елитното натпреварување, а Анчелоти имаше краток коментар со кој го „закопа“ поранешниот фудбалер на Барселона.

„Пике живее во свој свет, кој не е дел од Реал Мадрид. Ниту еден навивач на Реал нема да ги заборави титулите, ќе ги паметиме цел живот. Реал Мадрид секогаш бил подобар од останатите во ова натпреварување. Среќни сме“, вели Анчелоти.