Пике се расплака на „Камп ноу“: Ова не е збогум, тука сум роден… (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жерар Пике синоќа го одигра последниот натпревар за Барселона, по што среде сезона реши да замине во пензија, а неговата одлука ги изненади сите во клубот.

Пике се поздрави со 98.000 навивачи на трибините, но не издржа и се расплака, па кажа дека ќе се врати еден ден во Барселона.

„Ви благодарам на сите. Сигурен сум дека во иднина ќе бидам тука, ова не е збогум. Ја сакам Барселона и сметам дека е вистински момент да се повлечам. Тука сум роден, тука ќе умрам“, кажа Пике.

Шпанските медиуми пишуваат дека Пике планирал да се кандидира на претседателските избори во екипата во 2024 година, но засега нема таква потврда од поранешниот фудбалер.