Пиоли контра навивачите: Може да ме критикувате, но тоа ме прави само подобар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан денеска го претстави новиот тренер, а тоа е Стефано Пиоли, кој пристигнува како замена за ужасниот Марко Џампаоло, кој разочара со резултатите во првите седум кола во италијанската Серија А.

Пиоли денеска беше претставен на јавноста, а на прес-конференцијата кажа дека критиките го прават само подобар.

„Дојдов тука со голема страст. Убеден сум дека заедно може да направиме многу работи. Ги почитувам навивачите, а тие може да ме критикуваат. Сепак, тоа дополнително ме мотивира. Во следните 10 дена многу е важно да ги искористиме нашите шанси. Џампаоло е добар тренер, но поинаков е од мене. Морам да бидам добар во пренесување на идејата на фудбалерите и морам да го направам тоа многу брзо“, вели Пиоли.