Пиоли: Не постои изговор за ваков пораз!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан синоќа беше декласиран на гостувањето кај Челси со 0-3 во третото коло од Лигата на шампиони.

Милан гостуваше без неколку важни фудбалери, а тренерот Стефано Пиоли вели дека не смее да постои изговор за ваков пораз.

„Отсуството на неколку фудбалери не треба да биде изговор. Мораше да реагираме подобро. Не го почнавме добро мечот и се изгубивме на теренот. Кога правите такви грешки против Челси, тогаш работите се комплицираат дополнително. Губевме топки и им дававме премногу простор. Вториот гол на Челси целосно нè парализираше и такви работи не смеат да се случуваат“, вели Пиоли.