Пиоли нека ги пакува куферите: Милан во јануари ќе договори нов тренер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан разочара сезонава со нивните настапи во италијанската Серија А, па по 16 одиграни кола се наоѓаат на 10. место, а Марко Џампаоло издржа само седум кола, по што на кормилото пристигна Стефано Пиоли.

Ниту Пиоли не ја поправи формата на клубот, иако резултатите за нијанса се подобри, но далеку под очекувањата, па ниту тој нема да остане долго на „Сан Сиро“.

Управата смисли план, според кој поранешниот тренер на Лацио и Интер ќе остане на клупата на „росонерите“ до крајот на сезоната, но на лето ќе пристигне нов стратег.

„Росонерите“ го посакуваат Ралф Рагник, поранешниот тренер на Лајпциг, Шалке, Хофенхајм и уште неколку германски екипи.