Пиоли одби да им се извини на навивачите по дебаклот против Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан загуби во градското дерби од Интер со 1-5, а тренерот Стефано Пиоли одби да им се извини на навивачите за дебаклот.

Пиоли кажа дека не се чувствува виновен за поразот од „нераѕурите“, по што посочи дека нема намера да се извини.

„Немам намера да се извинам. Дали некој мисли дека намерно примивме пет гола? Жал ми е, но мислам дека треба да се извини тој што прави нешто намерно. Навистина загубивме пет меча по ред од Интер, но верувам дека ќе бидеме подобри во иднина“, кажа Пиоли.

Милан е трет во Серија А со девет освоени бодови.