Пирло има интересен предлог до раководството на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус ја одбрани титулата во италијанскиот шампион, но повторно разочара во борбата за трофејот во Лигата на шампиони, а по поразот од Ајакс се разочараа навивачите, но и фудбалските експерти на Апенините.

Андреа Пирло е еден од разочараните, па тој смета дека за освојување на елитното натпреварување е потребно унапредување на средниот ред на екипата.

„На Јувентус му е потребен Иско, според мое мислење. Јувентус е на друго ниво во Италија, но мора да ја освојат Лигата на шампиони. Редот за врска е нешто што треба да се унапреди. Мислам дека немаат доволно квалитет во средината на теренот. Тие мора да ја однесат топката до Роналдо, но не знаат како“, вели Пирло.

Останува да видиме дали раководството на „Старата дама“ ќе го послуша легендарниот фудбалер, кој долго време ги бранеше нивните бои.