Пирло: Ние да добиевме ваков пенал, може да замислам што ќе се случуваше…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус загуби на гостувањето кај Наполи со 0-1 и така направи чекор назад во битката за титулата, а единствениот гол на натпреварот го постигна Лоренцо Инсиње.

Пеналот за Наполи беше досуден откако судијата беше повикан да гледа ВАР-снимка, а по прегледувањето реши дека имало доволна причина за најстрога казна.

„Наполи не шутна кон нашиот гол. Изгубивме поради тој сомнителен пенал. Играта ни беше добра, но за жал изгубивме. Ако се суди пенал додека некој шири раце кога топката е во рацете на голманот тогаш треба да има многу пенали. Можам да замислам што ќе беше ако нас ни досудеа ваков пенал“, кажа Пирло.