Пирло во големи проблеми пред мечот против Верона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус викендов треба да се соочи со Верон, но тренерот Андреа Пирло се соочува со проблеми бидејќи дозна дека Алваро Мората нема да може да му помогне.

Мората не тренира од средата поради здравствени проблеми, а го пропушти и натпреварот против Порто, кој се одигра минатата недела.

Јувентус нема да ризикува со шпанскиот фудбалер, а освен тоа Пирло нема да може да смета ниту на Паоло Дибала.

Мората последен пат во листата на стрелци се запиша во против Парма на 19 декемри, а дд тогаш имаше само две асистенции и нема постигнато гол.

Натпреварот помеѓу Верона и Јувентус се игра во сабота во 20:45 часот.