Писонеро: Во Порто се мајстори за игра „7 на 6“, но ние ги чекаме подготвени!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар во недела ќе се соочи со Порто од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ во второто коло од Лигата на шампиони.

Европскиот шампион тргна со победа сезонава во елитното натпреварување, откако славеше против Монпеље со 33-31, па сега ќе се обидат да го запишат и вториот триумф.

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро предупреди дека мора да се оствари добар резултат против Порто и по можност да се запише уште еден триумф.

„Имаме тежок и многу важен меч против Порто. Мора да бидеме концентрирани за да може да славиме во недела. Тие се мајстори за игра ‘7 на 6’, но ние сме навикнати на различен стил на ракомет“, вели Писонеро.