Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Детроит Пистонс изгледаат спремаат тим за најголеми успеси на Истокот.
Се помалку слободни агенти има на пазарот, а денес Пистонс доведоја уште двајца.
Андре Драмонд беше ограничен слободен агент, а тој како и Дерозан остана во клубот.
Дре ќе потпише максимален договор вреден 130 милиони долари.
Драмонд минатата сезона беше најдобар скокач во лигата и имаше учинок од 14.8 скока по натпревар
Во најголемиот град на државата Мичиген стигна и одлично засилување на позицијата плејмејкер.
Претходните сезони Блејк беше алтернатива за Џексон, логично беше Ван Ганди да побара нов плејмејкер.
На пат дресот на Детроит е да го облече Иш Смит.
Тој минатата сезона прво играше за Пеликанс каде имаше 8,9 поени и 5,7 асистенции по натпревар, потоа потпиша за Филаделфија каде имаше учинок од 14.7 поени и 7 асистенции по натпревар.
Најверојатно Смит ќе потпише 3-годишен договор вреден 18 милиони долари.